На ден 06.05.2011 година, во просториите на Бирото за регионален
развој во Скопје, се потпиша Договорот за реализација на проектите
помеѓу Бирото за регионален развој и Центарот за развој на
Југозападен плански регион.
Директорот на Бирото, Џемаил Елмази истакна дека проектите ќе
значат поттик за намалување на диспаритетите меѓу регионите и
развивање иницијативи за приближување кон Европската Унија.
Југозападниот плански регион ќе реализира шест проекти, за кои
финансиската поддршка од Бирото за регионален развој е 12.074.294
милиони денари. Во три проекти се вклучени сите 13 општини од
целиот Југозападен регион.
Листа на проектите:
-
Физибилити Студија за одведување на отпадните води од
Градиште до Св.Наум
-
Поставување мерен пункт за емисијата на гасови и
загадувањето на воздухот од ТЕЦ "Осломеј" и изработка на студија со
предлог-мерки за заштита од загаденоста на воздухот
-
Селектирање на отпад и набавка на садови за 13 општини од
Југозападен плански регион
-
Изработка на технички проект за фекална канализација за
Велешта(дел), Вевчани, Подгорци, Октиси, Долна Белица
-
Организирање каравани со фолклорни групи, презентација на
традиционалната храна и носии, етно претстави, спортски настани во
13-те општини од Југозападен плански регион
-
Набавка на опрема за детектирање на губиток на водите во
Југозападен плански регион