На ден 16.05.2013 во салата на Советот на Општина Струга се
одржа четвртиот состанок од Регионалната Акциска Група (РАГ) во
секторот за земјоделство и сточарство. Г-ѓа Драгица Попоска од ЗЕМ
"Езерка" е избрана за координатор на РАГ а ас.координатор се избра
г-ѓа Вилјана Садикоска од Ед "Грашница" Охрид. Исто така во самиот
состанок се направи ранг листа на приоритетни проекти од областа на
земјоделството и сточарството. Проекти кои се предложија се:
- Брендирање на типични млечни производи од Дебарскиот микро
регион;
- Имплементација и сертификација на Глобалгап стандарт во
одгледување на Охридската черешна;
- Традиционалното знаење - пат кон одржливост и
- Направи малку - заштеди многу: компостирај!
Проектите ќе се испратат во отворените повици од институциите и
странските донатори.