Вчера, (13 февруари 2014), во Скопје, во Бирото за регионален
развој, од страна на директорот, Џемаил Елмази и раководителот на
Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана
Лозаноска беше потпишан договорот за финансирање на регионални
проекти за тековната година.
По извршената евалуација и усвоениот предлог од страна на
Советот за рамномерен регионален развој, неодамна, Владата на
Република Македонија, донесе одлука со која на Центарот за развој
на ЈЗПР му се одобруваат следниве проекти: Урбанистички
планови за вон-населените места и села за урбаните и руралните
општини, Студија за планирање и
означување на пешачки и велосипедски патеки, Студија и основен
проект за одлагање градежен шут и негов третман, и Поставување
парковни корпи во урбани средини. Вкупната вредност на
проектите е 5,6 милиони денари.
Поголемиот дел од проектите ќе се реализираат во деветте општини
од Регионот. Според динамиката тие треба да бидат имплементирани до
почеток на октомври о.г.
Инаку, годинава за поддршка на планските региони и реализација
на регионални проекти од националниот буџет се издвоени 42 милиони
денари. Средствата се распределуваат според коефициент на
развој.