Денес, 21.06.2018г, во Струга, претставници на Агенцијата за
финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ги
запознаа општините од Југозападниот плански регион со мерките
и условите за аплицирање за грантови од Програмата за рурален
развој за 2018 година.
Од Агенцијата информираа дека наскоро општините ќе можат да
аплицират за вкупно 600 милиони денари кои ќе бидат наменети за
ЕЛС. На деветте општини од регионот и на Центарот за развој на
Југозападниот плански регион им стојат на располагање средства по
повеќе основи. Една од мерките е подобрување на животот во
руралните средини (Мерка 321), потоа мерката за обнова и развој на
селата (Мерка 322) и мерката за зачувување и унапредување на
традиционалните вредности во руралните подрачја (Мерка 323).
Информативниот настан е организиран од страна на Центарот за
развој на Југозападен плански регион во соработка со Агенцијата за
финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.