ПОКАНА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА

П О К А Н А

 

Почитувани,

 

Центарот за развој на Југозападен плански регион Ве поканува на "Меѓународната Конференција за рамномерен регионален развој во Југозападниот плански регион" која ќе се одржи на 27 и 28 јуни 2019 година во Хотел Дрим во Струга. Конференцијата се реализира како активност во рамки на проектот: "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој" - финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

 

Целта на Меѓународната Конференција е да се разменат добрите практики во областа на рамномерниот регионален развој и да се поттикне соработка и вмрежување на клучните чинители од регионот и пошироко кои придонесуваат за регионалниот развој.

 

Во рамки на дво дневната конференцијата се опфатени 6 тематски сесии, 3 во пленарната сесија и 3 тематски блокови.

 

Деталната Агенда за конференцијата Ви ја доставуваме во прилог на оваа Покана.

 

Ве молиме да го потврдите Вашето учество на конференцијата најдоцна до 25.06.2019г на тел. 072-316-883 и (046) 701-005 или на е-маил valon.kaba@southwestregion.mk.

 

 

Со почит,

 

Центар за развој на

Југозападен плански регион

Раководител

М-р Мирјана Лозаноска

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион