Нова Програма за развој...

Со учество на учесници од целиот Регион, главно претставници на деветте општини што му припаѓаат на Регионот, Бизнис заедницата, Академијата, како и од НВО секторот, на ден 10.09.2020 година, во Струга, се одржа првата консултативна средба за изготвување на Програмата за развој на ЈЗПР 2020-2024.

 

На почетокот на средбата присутните ги поздрави раководителот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска, која истовремено учесниците ги запозна со процесот на изработка на среднорочниот стратешки документ и неговото значење за развојот на регионот во програмскиот период од 2020 до 2024 година. Потоа збор зеде, Проф. д-р Науме Мариноски кои детаљно ги запозна учесниците со Методологијата за изработка на Програмата за развој, осврнувајќи се на потребата од активно учество на сите засегнати страни во целиот процес со цел да се добие квалитетен документ, кој подоцна би се операционализирал преку конкретни проекти од интерес на општините и другите релевантни чинители на регионално ниво. Во неговото излагање акцент беше ставен на активностите што треба да се реализираат во следниот период, особено на двете работилници од кои се очекува да произлезат кључните наоди и согледувања по направените секторски анализи, неопходни при  изработката на Програмата за развој на ЈЗПР. На крајот Проф. д-р Мариноски се осврна и на последните чекори од процесот на изработка на овој документ, при што се беше укажано на неопходноста од усогласување на Програмата за развој со националните стратегии од другите линиски министерства, а како кључна се наведе Стратегијата за РРР на РСМ, кој е во фаза на изработка.

 

 

PrvaKonsultativna_Programa_1.jpg PrvaKonsultativna_Programa_3
PrvaKonsultativna_Programa_2 PrvaKonsultativna_Programa_4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион