На ден 07.03.2019, во салата на Совет на Општина Струга, се одржа седмата седница на Советот за развој на ЈЗПР. На Седницата учествуваа Градоначалниците и претставници од општините од регионот и вработените во Центарот за развој. На Седницата се усвоија следните документи:
-Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион во 2018 година;
-Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2018 година;
-Годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2018 година, за Бизнис Центарот за 2018 година и Финансискиот извештај за работата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2018 година;
-Акциски план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион во 2019 година;
-Разгледување на три проектни концепти подготвени од страна на работни групи за Грантовата шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони во рамки на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој,, кофинансиран од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската конфедерација.
No comment yet, add your voice below!