Почитувани,
Центарот за развој на Југозападниот плански регион започнува со реализација на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кој вклучува и организирање Регионални форуми во заедницата, со цел да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за целиот регион.
Со цел успешно одвивање на вкупниот процес, Центарот за развој на Југозападниот плански регион Ве поканува да земете активно учество во втората форумска сесија, која ќе се одржи на 20.02.2019 година (среда), во хотел Дрим-Струга, со почеток во 11.00 часот.
Ве молиме Вашето присуство да го потврдите преку електронска пошта на следнава адреса: a.vlashi@southwestregion.mk ,
No comment yet, add your voice below!