Skip to content

Грантовата шема за Центрите за развој

ДАТУМ

октомври 29, 2020

Категории

Во рамките на проектот “Подобрување на општинското владеење”, финансиран од  Европската Унија кој се спроведува преку Канцеларијата на УНДП од Скопје во соработка со Центрите за развој, на ден 11.07.2018 година , во хотел Мираж, Струга, Центарот за развој на Југозападен плански регион ја одржа еднодневната работилница, за презентација на Грантовата шема за Центрите за развој на планските региони.

На работилницата учествуваа претставници од единиците за локална самоуправа во рамки на регионот, претставници од Јавните комунални претпријатија од регионот, претставници од граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, кластерот за туризам, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, и образовните институции.

Работилницата беше наменета за презентација на три концепти за предлог проекти од годишната Листа на приоритетни проекти за 2018 година. Присутните беа информирани за секој предлог-проек поединечно со презентирање на главните цели, активности, временска рамка за имплементација и потребан буџет односно за следниве три предлог проекти:

Предлог проект бр. 1: Студија и основни проекти за изградба на микро – регионални стационари за кучиња скитници во ЈЗПР

Цели на проектот се:

  • Подобрување на условите за безбедено движење на граѓаните и туристите и
  • Подобрување на условите за живот на кучињата скитници во ЈЗПР

Предлог проект бр. 2 – Основни проекти за поставување на фотоволтаични системи на кровна површина на јавни објекти

  • Подготовка на Основни проекти за поставување на фотоволтаични системи на јавни објекти во Општините од регионот (од 25 до 38 Основни проекти во зависност од големината на објектите)
  • Искористување на Обновливите извори на енергија; Зачувување на квалитетот на воздухот; Намалување на потрошувачката на електрична енергија во јавните објекти.

Предлог проект бр.3 – Основен проект за изградба на дом за стари лица и кост – бенефит анализа

Цели на проектот:

  • Подобрување на квалитетот на живот на старите лица во Југозападниот плански регион, односно подобрување на нивниот социо-економски статус, достапност на ресурсите во животната средина и интеграција во општествената средина

На 18.07.2018 е закажана седница на Регионалниот Совет каде се очекува да се донесе финалната одлука за приоритетен предлог проект со кој што Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицира за средства од Грантовата шема.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy