Деновиве завршиja градежнитe активности за уредување на пристапна пешачка патека, во стариот дел на градот – Општина Охрид, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри.
Уредувањето на ова патека придонесува кон зголемувањето на атрактивните места во Југозападниот плански регион, посетителите можат на нарпават рута по која од централниот дел на двата рида ќе излезат на источната страна, со што ќе се зголеми видливоста на долниот дел од стариот град и на подградието на Охрид. Патеката е изградена од природни материјали, а долж истата се поставени и 24 автентични канделабри.
Вакви патеки се градат и во Општина Струга и Општина Дебрца.
Финасиските средства се обезбедени преку проектот ” Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион”, во рамки на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”, од страна на Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа, Општина Охрид и Општина Струга.
No comment yet, add your voice below!