Со цел да се постигне подобра координираност во планирањето на активностите за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион (2015-2019), Центарот за развој, заедно со кључните страни од Регионот вклучени во регионалниот развој, организира планирачка работилница, на која се утврдени мерките што ќе бидат спроведени во четирите приоритетни области од овој програмски документ. Над 30-тината учесници од општините, бизнис секторот, образованието и културата, како и од невладиниот сектор, подетаљно, разговараа за операционализирање на среднорочните цели, (во доменот на економскиот развој, образованието и социјалната сфера, туризмот и културата и заштитата на животната средина), преку предлагање на конкретни проектни идеи.
На планирачката работилница беа утврдени над 50-тина идеи кои тимот од Центарот за развој ги прочисти, меѓусебно ги поврза и обликува во потесна листа од трисетина предлози од кои, во следниот период, се очекува да бидат развиени регионални проекти. Оваа листа, согласно законските одредби (што произлегуваат од Законот за регионален развој), ќе се најде на разгледување пред Советот за развој на Југозападниот плански регион, по што се очекува истата да биде финализирана.
Тимот на Центарот за развој, се очекува, до 15-ти декември да подготви неколку регионални проекти што ќе бидат доставени до Бирото за регионален развој, а за кои со утврдениот Буџет на РМ за 2019 г., ќе бидат издвоени околу 30 милиони денари.
Интенција е на Центарот за развој, да бидат развиени и други проекти, согласно утврдената листа на приоритети, а кои ќе бидат доставени кај донаторската заедница, односно Европската Унија, Програмите за погранична соработка со Албанија и Грција и другите потенцијални извори на финансирање.
No comment yet, add your voice below!