Струга, 09 јули. Со околу 25 милиони денари од централниот буџет ќе се финансираат три проекти во Југозападниот плански регион за подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во четири општини што му припаѓаат на Регионот, а исто така ќе се подобруваат и комуналната инфраструктура, преку реконструкција на патната инфраструктура и подготовка на техничка документација за патната инфраструктура во ЈЗПР. Договорите за реализација на проектите се потпишани со Бирото за регионален развој, и истите треба да бидат реализирани до крајот на годинава. На потпишувањето на договорите присуствуваа министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.
Во Југозападниот плански регион со средствата ќе се изведуваат инфраструктурни проекти во општините Струга, Охрид, Кичево и Дебрца. Станува збор за јавни објекти (две детски градинки, едно училиште и едне јавен објект) во кои ќе се подобрува енергетскатата ефикасност преку санација на кровови, замена на столарија, изолација на фасади. Со вториот проект ќе се подготви техничка документација за патната инфраструктура во ЈЗПР, додека со третиот проект ќе се реконструира патната инфраструктура.
Според министерот Фазлиу, потпишувањето на договорите е чекор напред кон рамномерниот регионален развој и подобрување на условите за живот на граѓаните во сите региони во Република Македонија.
-Владата на Република Македонија, за 2018 година, средствата за рамномерен регионален развој ги зголеми за над 50 насто. и 4,5 млиони евра оваа година ќе бидат вложени во проекти кои што ги предложија општините и планските региони врз основа на нивните приоритети. Главно станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.
No comment yet, add your voice below!