Skip to content

Потпишување на договорите за финансирање

ДАТУМ

октомври 29, 2020

Категории

На ден 31.07.2019г, во салата на Совет на Општина Струга, се одржа осмата седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, на која се потпиша Договорот за финансирање на Центарот за развој на ЈЗПР за тековната 2019 година. На Седницата присуствуваше и министерот за локална самоуправа г.Горан Милевски.

Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа, на годишно ниво, го кофинансира работењето на сите осум Центри за развој на планските региони во висина од 1,2 милиони денари за активности и исто толку за имплементација на проектите за регионален развој.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека со договорот се утвдуваат и активностите кои што Центарот за развој ќе ги реализира оваа година, а кои што произлегуваат од Програмата за развој на Југозападниот плански регион. Милевски ги информираше градоначалниците дека минатата недела Министерството за локална самоуправа ги започна активностите на експертско ниво за подготовка на измените на Законот за рамномерен регионален развој. Во процесот на анализа на состојбите се вклучени и претставници од Центрите за развој и од ЗЕЛС, а на овие состаноци се очекува своето искуство да го пренесат и локалните власти.

Во наредните денови договори за финансирање ќе бидат потпишани со сите Центри за развој на планските региони за да не се доведе во прашање нивното тековно работење.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy