Skip to content

Нови капитални инвестиции во Регионот

ДАТУМ

март 18, 2021

Категории

НОВИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИИ ВО РЕГИОНОТ ПРЕКУ ПРОЕКТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во текот на оваа година, ќе продолжи со реализацијата на капитални проекти со цел да се подобрат условите во локалните средини, при што акцентот ќе биде ставен на зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти, како и намалување на загадувањето на животната средина. Во овој проект, чија вредност е 19,2 милиони денари, партнери се шест општини од регионот – Охрид, Дебрца, Кичево, Дебар, Пласница и Македонски Брод. Преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2021, се очекуваат средства и за подобрување на патната инфраструктура во општините Охрид, Струга, Вевчани и Центар Жупа, за што, иницијално, одобрени се 5 милиони денари, а дополнително ќе се прават напори за обезбедување уште 17 милиони денари за целосно финализирање на проектните активности. Овие два проекти, кои се дел од Акцискиот план за работа на Центарот за развој за 2021 година, деновиве, одобрени се од страна на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион и истите треба да бидат завршени до крајот на годинава.

Во тековниов период, интензивно се работи на завршување активностите за реконструкцијата на базенот за физикална терапија во специјалната болница Свети Еразмо, инвестиција во вредност од над 8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.

Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион е во фаза на донесување на одлука и потпишување на договори со најповолните понудувачи за вршење енергетски контроли на 12 објекти, и подготовка на техничка документација за подобрување на енергетската ефикасност преку реконструкција на 13 јавни објекти во деветте општини од Регионот. Проектот е во висина од 6,8 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

Деновиве, Советот за развој на Регионот, на својата 14-та седница, покрај утврдувањето на активностите за тековниов период, ги разгледа извештаите за работата на Центарот за развој, за измината година, при што беше истакнато задоволство од степенот на реализација на проектите во Регионот. Во 2020 година, преку проекти на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, реализирани се капитални инвестиции во вкупна вредност од 53,3 милиони денари.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy