Јавен повик за искажување интерес
на општини од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,
Североисточен и Вардарски регион за учество во Регионална програма за
локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2)
Регионалната програма за локална демократија 2
(ReLOaD2), проект кој е финансиран од Европската унија (ЕУ) а го спроведува
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започна на 1 јануари 2021
година. Во текотот на следните 4 години проектот ќе има за цел да ја зајакне
партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку
зајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество во
донесувањето одлуки како и подобрување на правното и финансиското опкружување
за граѓанските организации (ГО). Проектот е финансиран од Европската унија, од
Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13
милиони евра, а вредноста на компонентата за Северна Македонија е 1,24 милиони
евра.
Општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,
Североисточен и Вардарски регион кои не учествуваа во претходната фаза на
ReLOaD проектот се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD2. Со овој
јавен повик, ќе бидат избрани 5 партнерски општини кои ќе бидат поддржани во
понатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на ГОи.
Поднесување на апликацијата и
рокови
Условите за пријавување и критериумите за избор на партнерски општини се
опишани во Упатството за апликанти (Група 2). Сите документи, составен дел на
апликацијата, се објавени на следните веб-страници: www.mk.undp.org , www.zels.org.mk. Повикот е отворен во
периодот од 20 април 2021 година до 21 мај 2021 година.
Информативните сесии за јавниот повик ќе се одржат преку платформата ЗООМ
на 29 април и 6 мај, а дополнителните информации за овие сесии ќе бидат
објавени на горенаведените веб-страници.
Документацијата за апликацијата треба да се поднесе во една (1)
оригинална копија и една електронска копија (CD или USB) во запечатено
плико по препорачана пошта, преку курирска служба или лично на следната адреса:
УНДП Северна Македонија
Регионална програма за локална демократија на Западен
Балкан 2 (ReLOaD 2)
Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23,
1000 Скопје
Краен рок за поднесување апликации е 21 мај 2021, до 17
часот. На апликациите поднесени по пошта треба да има поштенски печат каде
што се потврдува дека апликацијата е поднесена пред истекот на официјалниот
рок. Апликациите кои ќе бидат поднесени на друг начин (на пр. Факс или е-пошта)
или по истекот на официјалниот рок, нема да бидат земени предвид.
No comment yet, add your voice below!