На 21.04.2021 се одржа петнаесеттата седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, на која раководителот на Центарот за развој на ЈЗПР, м-р Мирјана Лозаноска пред присутните ја презентираше Програмата за развој на Југозападниот плански регион за период од 2021-2026 година.
По претходната согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Југозападниот плански регион за период од 2021 – 2026 година беше едногласно усвоена од Советот за развој на Југозападниот плански регион.
No comment yet, add your voice below!