Skip to content

Ставен во функција базенот во Св.Еразмо

ДАТУМ

јули 9, 2021

Категории

Денес (08 јули), во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ ставен е во функција базенот за физикална терапија со што се создадени услови пациентите од установата, но и од поширокиот регион, да ги користат специјалистичките услуги на овдешните стручњаци за лекување на болести поврзани со нарушените моторни функции кај човековото тело.

Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТА плански регион кој е инвеститор на  „Реконструкцијата и опремувањето на современиот центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“ ја изврши со средства во висина од 8 милиони денари, обезбедени преку Грантовата шема за инвестициски проекти во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Ние како министерство среќни сме што успешно заврши проектот со кој специјализираната болница во Охрид повторнo доби функционален базен. Ние во рамките од нашите можности помагаме секаде каде што можеме. Не само во здравството, туку во сите области. Базенот има нов систем за загревање, котлара, нова дограма, а целиот објект сега е и енерегетски ефикасен – изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милески.

– Амбасадорката на Швајцарија во земјава Н.Е. Сибил Сутер Тејада изрази задоволство од работата на болница и енергијата која владее во целиот комплекс. Ми се допадна како изгледа објектот, а најмногу впечаток ми остави природноста на базенот. Швајцарија е земја која многу внимава на животната средина, но добро е секогаш да се помогне и во здравството – изјави Амбасадорката Сутер Тејада.  

– Министерот за здравство Венко Филипче рече дека болницата „Св. Еразмо“ е единствена во нашата земја со базен во склоп на болницата, што ја прави уникатна. Ова е значаен момент за оваа болница. Таа години наназад е позната по својата експертиза, знаење и специфичен здравствен третман кој го нема никаде во Македонија – изјави Филипче.

Градоначалниците на Охрид и Струга, Константин Георгиески и Рамиз Мерко изразија голема благодарност до сите чинители, кои помогнаа Специјализираната болница „Св. Еразмо“ повторно да добие базен, и во тој контекст ја истакнаа ангажираноста на вработените во Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион со цел успешно да се реализира овој проект.

Условите можеме да ги подобриме само ако вака сите заедно работиме на подобро утре. Среќни сме што повторно во функција го ставаме базенот кој ќе понуди дополнителни услуги за нашите пациенти – рече директорот на „Св. Еразмо“ Ацо Велески.

– Ја користам приликата да се заблагодарам на сите партнери кои зедоа учество во реализацијата на овој проект, и особено на сите вработени во болницата „Св. Еразмо“, кои беа главни иницијатори за реализација на овој значаен проект. Би сакала посебно да искажам благодарност кон изведувачот на работите – фирмата Тане 2007 кои целосно и навремено ги изврши предвидените работи на овој значаен и доста комплексен проект  рече, на крајот од свеченоста,  раководителот на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ  плански регион регион Мирјана Лозаноска.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy