На 22.12.2021 во просториите на Бирото за рамномерен регионален развој се потпишаа договори за реализација на 2 проекти во Југозападниот плански регион, помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион со кои се доделува финансиска поддршка во висина од 60.897.375,00 денари.
Проектите „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во ЈЗПР„ и „Поддршка на регионален економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности„ се дел од две годишната програма за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.
No comment yet, add your voice below!