Струга, 08.02.2022 година Вработените од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во хотелот Дрим во Струга, одржаа работен состанок со тимот од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, при што беа разменети информации за продолжувањето на овој проект во следниот период, односно до 2025 година. Имено, Владите на РСМ и Швајцарската конфедерација потпишаа договор во вредност од 6 милиони швајцарски франци со цел да продолжат активностите во осумте плански региони, главно преку поддршка во реализацијата на поголеми инфраструктурни проекти значајни за заедницата.
Во таа насока од страна на менаџмент тимот на проектот информираа дека Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во следниов период, ќе има на располагање околу 500 илјади евра, наменети за проекти во доменот на инфраструктурата, заштита на животната средина, социјалната инклузија, паметната специјализација, како и за активностите за поддршка на бизнис секторот.
Проектните идеи и проектите што ќе бидат подготвувани ќе произлезат преку одржување на форумски сесии со партиципативно учество на значајните страни од Регионот, а ќе се реализираат во следните три години.
No comment yet, add your voice below!