Skip to content

Подобрување на условите за сместување на лицата со телесен инвалидитет во Охрид

ДАТУМ

март 7, 2022

Категории

Струга, 07 март 2022      Во пресрет на новата туристичката сезона членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет од МОБИЛНОСТ ќе добијат десет реконструирани апартмани, што се наоѓаат во комплексот „Охридати“ во Охрид. Реконструкцијата, која опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и  внатрешната столарија, зголемена изолација, а ќе бидат извршени и зафати за внатрешно преуредување и осовременување на објектите. Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. –   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во теков на оваа година, реализира два поголеми проекти – едниот со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари, обезбедени преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој од централниот буџет. МОБИЛНОСТ е формирана 1986 година и како национална инвалидска организација има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси. Организацијата меѓу другото се грижи и им пружа рекреативни активности на своите членови. Во текот на неколку месеци во Охрид, во реконструираните апартмани, ќе бидат сместени околу 700 членови на Мобилност.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy