Skip to content

Втора редовна седница на Советот за развој

ДАТУМ

март 17, 2022

Категории

16 март    Втората редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион започна со верификација на мандатите на претставниците од невладиниот сектор и од бизнис заедницата, Ѓоко Милески и Наташа Јовческа, кои по спроведената постапка согласно Законот за рамномерен регионален развој, се вклучија во работата на ова регионално тело. И двајцата се заблагодарија на довербата и истакнаа дека ќе се заложат да придонесат во артикулирањето на интересите на невладиниот сектор, односно на бизнис заедницата.

Во продолжението на седницата, на дневен ред, се најдоа на разгледување извештаите за реализација на Програмата за развој на регионот, финансискиот извештај, како и годишните сметки за работењето на Центарот за развој и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ во 2021 година. Членовите на Советот изразија задоволство од работењето, и усвојувајќи ги извештаите и годишните сметки ја истакнаа заложбата за обезбедување повеќе средства и имплементација на што повеќе проекти со цел да се подигне нивото на реализација на програмските активности во тековната година.

Непосредно поврзано со ова прашање, Советот го разгледа и усвои Акцискиот план за работењето во 2022 година, при што членовите, од страна на директорот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска, беа информирани дека документот ги содржи тековните проекти одобрени од страна на Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за регионален развој, преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза од реализацијата“ од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, проекти што се очекува да бидат одобрени од страна на другите линиски министерства, како и активностите што имплементираат преку работењето на Бизнис центарот во рамките на Центарот за развој.

Со цел да се изврши усогласување на работењето на Центарот за развој со новиот Закон за рамномерен регионален развој на седницата беа разгледани и усвоени Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за систем на плати и надоместоци на плати на вработените во Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Во продолжение од работата членовите на Советот беа информирани за текот на активности поврзани со развивање на идеи и концепти за Инвестициски проект за кој се обезбедени околу 20 милиони денари преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза од реализацијата“. Во таа смисла беа споделени информации за одржаниот прв регионален форум, предложените концепти, како и за следните задачи што треба да се реализираат со цел успешно за се заокружи  процесот на изработка и аплицирање на проектот преку Грантовата шема на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Советот беше информиран и тековниот повик за регионални проекти што би се утврдиле и аплицирале во Југозападниот плански период преку Програмата за регионален развој 2022-2023 година преку Бирото за регионален развој. Согласно проектираниот национален буџет и утврдената програма, се очекува, за Регионот да бидат достапни околу 60 милиони денари, со кои ќе се подобруваат условите за живот и работа на локалното население.

Покана и Дневен ред

Записник

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy