Skip to content

Реконструкција на културно-историскиот дом во Требеништа

ДАТУМ

март 17, 2022

Категории

Требеништа, 15 март 2022      Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Дебрца, почнува со активности за реконструкција на културно-историскиот дом во с.Требеништа. Реконструкцијата опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектот преку изолација на внатрешни и надворешни ѕидови со термоизолација, изолација на таваните, промена на внатрешни врати, нови санитарии, нова електрика и нов водовод и канализација. Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

–   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во теков на оваа година, реализира два поголеми проекти – едниот со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари, обезбедени преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој од централниот буџет.

Проектот го реализира Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Дебрца, додека средствата се обезбедени од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој и дел се од Општина Дебрца.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy