Skip to content

Доизградба на канал Песјак во Македонски Брод

ДАТУМ

април 5, 2022

Категории

Македонски Брод, 1 април 2022      Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Македонски Брод, почнува со активности за доизградба на каналот Песјак во Општина Македонски Брод. Изградбата опфаќа повеќе компоненти, армирано бетонски канал, монтажа на канализациони цевки, поврзување на канализационите цевки со постојните шахти, изградба и монтажа на нови шахти со метални капаци, приклучување на куќите во новата канализација. Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во ЈЗПР“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион.


–   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во теков на оваа година, реализира два поголеми проекти – едниот со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари, обезбедени преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој од централниот буџет.


Проектот го реализира Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Македонски Брод, додека средствата се обезбедени од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy