Струга, 13 април 2022 Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа својата трета редовна седница на која беа разгледувани можности за организирање на студиска посета во некои од европските земји со цел да се разменат искуства во домени кои се од приоритетен интерес на општините од Регионот, а со цел да се поттикне регионалниот развој преку креирање партнерства со слични региони од другите земји.
На почетокот свое излагање имаа претставниците од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, Јован Манасијевски, Александар Караев, како и ангажираниот експерт д-р Борис Цизељ од Словенија, кои зборуваа за можностите за организирање на студиската посета, при што, низ дискусијата, акцент беше став на тематските области кои се значајни за Југозападниот плански регион.
По посетата на сите региони во земјава и сумирањето на пројавениот интерес од градоначалниците, ангажираниот експерт д-р Борис Цизељ, заедно со тимот од „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, ќе направи соодветна програма, и посета на земји кои се заинтересирани за размена на искуства и креирање партнерства преку развој на регионални проекти. Студиските посети ќе бидат организирани за осумте совети за развој од регионите во државата, и тоа во четири турнуси за по два региони во текот на мај, јуни и септември годинава.
– Записник
No comment yet, add your voice below!