Skip to content

Одржана петта и шеста седница на Советот за развој

ДАТУМ

април 29, 2022

Категории

На ден 29.04.2022 година, во салата на Совет на Општина Струга, се одржа петтата  и шестата седница на Советот за развој на ЈЗПР. На седницата, од страна на директорката на Центарот за развој, беа презентирани трите предлог регионални проекти во ниво на концепти, со кои Центарот за развој на ЈЗПР ќе аплицира за реализација во Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, како и трите предлог концепти со кои Центарот за развој на ЈЗПР ќе аплицира во Грантовата шема за Инвестициски проекти на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Членовите на Советот за развој на ЈЗПР, ја усвојиа и Листата со проекти за кои се бара финансирање за развој на ЈЗПР за 2020-2023. 

                                                                                                      *          *          

                                                                                                            *

По завршување на редовната петта седница на Советот за развој на ЈЗПР, се одржа шестата седница на која што градоначалниците и членовите на Советот и другите присутни претставници од деветте општини од регионот беа запознати со новите инвестициски зафати на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК од Скопје. Имено, во следниот период со цел да се подобри управување со отпадот што се рециклира, ќе бидат поставени околу 1800 смарт сензори на сите контејнери во државата, во кои се собира стакло, пластика и лименки и хартија. Во рамките на соработката со Швајцарската амбасада и швајцарската агенција за развој и соработка, во текот на ова година планирано е поставување на 60-70 вендинг машини со цел да се поттикне населението за рециклирање на отпадот што се генерира во рамките на општините. Овие вендинг машини ќе бидат доделени по пат на јавен оглас, на кои ќе можат да аплицират осумте Центри за развој на планските региони. Вендинг машините ќе овозможат граѓаните да вршат поврат на 0,5 денари за секоја ПЕТ шише/лименка од купениот пијалак. Овие средства планирано е да бидат обезбедени од страна на општините кои ќе треба да се појават како партнери во проектот. Во следниот период планирано е да бидат поставени околу 400 повратни вендинг машини на цела територија на државата.  

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy