13 мај 2022, Центар Жупа Во присуство на Повереникот на Влада за вршење на работите на градоначалник на Општина Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим, директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион м-р Мирјана Лозаноска, заедно со Изведувачот на работите фирмата „Маркоски К 73“ од Струга и подизведувачот „Прогрес“ од Гостивар, во присуство на Надзорниот орган- Конструктор ДООЕЛ Струга, извршија технички преглед и го пуштија во употреба реконструираниот пат од н.м. Центар Жупа до н.м. Бајрамовци.
Локалниот пат е во должина од 1.600 м и со извршената реконструкција и положување на нов асфалтен слој значајно се подобрени условите за безбедно одвивање на сообраќајот, како за моторните возила, така и за пешаците и за велосипедистите бидејќи улицата има и банкини што овозможува сигурност за сите учесници во сообраќајот. Вкупната инвестиција е 8.3 милиони денари, а средствата е се обезбедени од националниот буџет преку Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој.
Оваа активност е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Во рамките на споменатиот проект активности од сличен тип се реализираат и во Вевчани, Струга и Охрид.
No comment yet, add your voice below!