Skip to content

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО СТАРОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО СТРУГА

ДАТУМ

јули 11, 2022

Категории

Струга, 28 јуни 2022    Близу 18  милиони денари, средства од националниот буџет, како и од Општина Струга, се вложени во реконструкцијата на пет улици во старото градско јадро, во вториот по големина туристички центар во државава, со што значајно ќе се подобри достапноста до атрактивните локации за домашните и странски посетители.

 

Согласно изработената техничка документација предвидено е на улиците „27 Март“, „Браќа Миладиновци“, „Нико Нестор“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ да бидат отстранети камените блокови со цел да се изврши поставување на нова водоводна инсталација, како и мрежи на ЕВН и Македонски Телеком. Потоа, како што информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кој е носител на проектот во партнерство со Општина Струга, ќе биде извршено набивање на тлото и поставување на бетонска подлога со мрежна арматура, врз која ќе бидат положени исчистените камени блокови, карактеристични за овој дел од градот.

 

Должината на петте улици што се предмет на реконструкција е скоро 600 метри, со околу 3.600 метри квадратни, при што со реконструкцијата значајно ќе подобрат условите за одвивање на сообраќајот и за пешачење низ стариот дел на Струга. Исто така, се очекува да се подобри снабдувањето со вода за пиење бидејќи, паралелно, ќе биде положена и нова водоводна мрежа во иста должина. Работите ги изведуваат фирмите „Транс АГ“ и „Маркоски К73“.

 

Реконструкцијата на работите во Струга се дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за  регионален развој.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy