Skip to content

ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДОРКА Н.Е. ВЕРОНИК ХУЛМАН ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНОТ

ДАТУМ

јули 26, 2022

Категории

25 јули 2022, Охрид    Амбасадорка на Швајцарија во Скопје, Н.Е. Вероник Хулман, во рамките на престојот во Југозападниот плански регион, ја посети Јавната здравствена установа „Свети Еразмо во Охрид при што одржа работна средба со претставниците на оваа здравствена установа, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Општина Охрид и Општина Струга. Притоа амбасадорката Хулман беше информирана за значењето на реконструираниот базен за физикална терапија со што се создадени услови пациентите од установата, но и од поширокиот регион, да можат да ги користат специјалистичките услуги на овдешните стручњаци за лекување на болести поврзани со нарушените моторни функции кај човековото тело.   Директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска ја информираше амбасадорката Хулман дека со проектот, чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е осовременување на машинскиот и базенскиот дел од опремата, поставени се нови сончеви колектори, а направени се зафати и кај електричните инсталации и врз самиот градежен објект со цел да се подигне неговата енергетската ефикасност. Со извршените интервенции  целосно е осовременето работењето на базенот за физикална терапија, при што трошоците за неговото функционирање се незначителни за специјалната болница Свети Еразмо. Проектот се реализираше минатата година во рамките на Грантовата шема од проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, за што средства се обезбедени од Швајцарката агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.   Директорот на болницата Ацо Велески информираше дека над десеттина години базенот не беше во функција и не се вршеше физикална терапија заради големите трошоци на установата, но сега состојбата е променета, така што не постојат пречки услугите да бидат достапни за корисниците од пошироката заедница. Притоа, тука, во прв ред, се најмладите кои се почесто се судираат со различни видови на деформитети.   На средбата учество зеде и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој изрази благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Пецаков ги потенцираше успешно реализираните  проекти во изминатиов период, при што нагласи дека Општина Охрид во соработка со Центарот за развој подготвува нови проекти, и за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани.   Амбасадорката Н.Е. Вероник Хулман истакна дека е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите што се имлементираат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион. Таа потенцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy