Skip to content

Пуштена во употреба атмосферска и фекалната канализација во Македонски Брод

ДАТУМ

август 12, 2022

Категории

Македонски Брод, 11 август 2022      Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Македонски Брод, изведувачот на работите – фирмата АРТ ИНЖЕНЕРИНГ, Надзорниот орган – МГ ПРОЕКТ Дооел Скопје, денеска, извршија технички прием и официјално ја пуштија во употреба фекалната и атмосферската канализација во местото Песјак во Општина Македонски Брод.   Изградбата на фекалната и атмосферската канализација опфаќа повеќе компоненти и тоа, изградба на армирано бетонски канал, монтажа на канализациони цевки, поврзување на канализационите цевки со постојните шахти, изградба и монтажа на нови шахти и приклучување на околните куќи во новата канализација. Вкупната инвестиција е 2.28 милиони денари, а средствата се обезбедени од националниот буџет преку Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во текот на годинава, реализира два поголеми проекти – од кои едниот е со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од централниот буџет.  

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy