Skip to content

Завршија активностите за партерно уредување на туристичкиот центар во Вевчани

ДАТУМ

септември 29, 2022

Категории

28.09.2022   Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, ги заврши активностите за партерно уредување на Туристичкиот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. На површина од 910 м2 поставен е декоративен камен,  изградени се пристапни патеки до главниот и помошниот влез и простори за одмор со соодветна урбана опрема и осветлување. Вкупната инвестиција за дворното уредување на Туристичкиот центар е 4,6 милиони денари и истите се обезбедени преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Изведувач на работите беше ГП Тане 2007 ДООЕЛ Охрид. Туристичкиот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани, чија корисна површина е 1.400 м2 е  наменет за културни и едукативни активности, има галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица. Во следниот период останува да се изврши хортикултурно уредување на просторот, што треба да го реализира самата општина.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy