Skip to content

Започна креирањето на регионални проекти во Регионот

ДАТУМ

октомври 27, 2022

26 октомври 2022, Струга       Низ форумска расправа на засегнатите и значајните страни од Регионот започна процесот на генерирање идеи и оформување на регионални проекти со кои Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион ќе аплицира кај домашните и меѓународните донатори во следниов програмски период. Во прв ред, согласно обврските што произлегуваат од Законот за рамномерен регионален развој и другите нормативни акти, на регионално ниво, покрај денешниот, кон крајот на ноември ќе се одржи вториот регионален форум, по што се очекува да бидат оформени проектни апликации кои, во текот на февруари 2023 година, ќе бидат доставени за одобрување кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

– Според првичните информации вкупниот буџет за регионални проекти во Југозападниот плански регион се очекува да биде околу 54 милиони денари. Овие средства, што се издвојуваат од националниот буџет, ќе бидат наменети за решавање на приоритетните потреби на деветте општини, односно на граѓаните и другите значајни субјекти на регионално ниво. Програмата е двегодишна, односно за 2023/24 година, што значи дека имплементацијата на проектите ќе се одвива во споменатиот период.

На првата регионална форумска сесија, над 50-тината учесници, како приоритетни ги утврдија следниве области: туризам и култура, образование и социјалната сфера, комунална и локална инфраструктура, животна средина, и посебно потребите од решавање на проблемите со енергетската криза. Споменатите области, всушност, се дел од програмските определби што произлегуваат од националните и регионалните развојни документи.  Притоа, беа презентирани над дваесеттина идеи, за кои во следниот период, се очекува да биде направена анализа за нивната оправданост и одржливост, што е од особено значење за донаторите.

На крајот на ноември ќе бидат презентирани најиздржаните идеи, а за кои во текот на декември 2022, односно февруари 2023 година, ќе бидат оформени целосни проектни апликации со задолжителната техничка документација и пресметки, а со кои ќе се аплицира кај националните и меѓународните донатори. Во целиот процес на селекција и одлучување за проектите ќе бидат вклучени и градоначалниците, односно деветте членови на Советот за развој на  ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.


Покана и Дневен ред

Листа на учесници

Записник од модератор

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy