Skip to content

Обука за комуникациските вештини

ДАТУМ

ноември 2, 2022

Категории

01 ноември 2022, Струга        Ефективната комуникација меѓу засегнатите страни на регионално ниво е значајна бидејќи на тој начин ќе се подобри информирањето на јавноста за мерките на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој, како и овозможување слободен пристап до информации на заинтересираните страни.  Покрај тоа, ќе се подобри активното вклучување на граѓаните во процесот на креирање и имплементирање на регионалната политика, и соработката при подготовката, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на планските документи за регионален развој меѓу органите на централната власт и општините, економските и социјалните партнери и други релевантни претставници на граѓанското општество. Ова беа дел од целите на обуката што се реализира со над дваесеттина претставници од општините, бизнис секторот и тимот од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.


Обуката ја спроведе Мики Трајкоски, член на тимот од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој присутните ги запозна со потребите од комуникација со медиумите, жанровите што можат да се употребат со цел да се постигнат подобри ефекти кај јавноста и потребата од изработка на годишен медиа план на институциите. На обуката беа разработени и практични техники што треба да се применуваат при јавните настапи на претставниците на јавните институции.


Подобрувањето на комуникациските способности на регионалните чинители е значајна  за подигнување на видливоста на регионалните развојни проекти, и истата непосредно произлегува од потребата за целосна и успешна имплементација на одредбите од Законот за рамномерен регионален развој.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy