Skip to content

Потпишани договори за три регионални проекти вредни 54 милиони денари

ДАТУМ

ноември 14, 2022

Категории

Директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, м-р Мирјана Лозаноска, денеска во Скопје, потпиша три договори за реализација на регионални проекти со кои ќе се решаваат енергетските и инфраструктурните потреби на општините, а ќе се набавува и опрема за комуналните претпријатија со цел да се подобри нивата ефикасност во извршувањето на услугите за граѓаните.


Вкупната вредност на трите договори е 54 милиони денари и истите се обезбедени од националниот буџет преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за оваа и следната година. Во рамките на проектот за енергетска ефикасност, со 35 милиони денари, ќе се решаваат потребите на училишни објекти, градинки и други јавни објекти во Струга, Дебрца, Вевчани, Македонски Брод, Кичево, Пласница и Дебар.


Со 12 милиони денари ќе се решава потребата од подобрување на патната инфраструктура на Вевчани и Центар Жупа. За набавка на опрема на јавните е претпријатија Водовод, Нискоградба и Дебрца ќе бидат наменети 8 милиони денари.


На денешното потпишување на договорите со сите центри на планските региони беа присутни и заменикот во Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, кои ја истакнаа заложбата за зголемување на средствата за регионите, поголеми вложувања во внатрешноста на државата, но побараа да се согледа и успешноста на реализираните проекти.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy