Тимот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, зеде активно учество на годишната планирачка работилница во Охрид, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза II“.
На работилницата беа презентирани реализираните активности за 2022 година на сите осум Центри за развој на планските региони и Бизнис центрите, а воедно сите имаа можност да ги претстават своите вредности, производи и музика карактеристични за својот регион.
Дополнително на работилницата се дискутираа идните планови за поддршка на Центрите за регионален развој од страна на Министерството за локална самоуправа во 2023 година како и идните регионални проекти кои ќе бидат реализирани во периодот кој следи.
No comment yet, add your voice below!