Skip to content

Кирил Пецаков избран за претседател на Советот за развој

ДАТУМ

февруари 15, 2023

Категории

,

Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, на денешната редовна седница, едногласно е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен  регионален развој. Заблагодарувајќи се на изборот, д-р Пецаков нагласи дека кризните моменти со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во државата не се решени и во таа смисла потребно е мобилизирање на сите субјекти со цел да се надминат проблемите во нивното функционирање, како и во подобрувањето на квалитетот на услугите кон граѓаните, и од страна на општините, но и од страна на комуналните претпријатија.

Во таа смисла, д-р Пецаков како позитивна ја оцени улогата на Советот и на Центарот за развој на Регионот, преку кои се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите на населението. Истовремено, д-р Пецаков спомена дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти особено во руралните средини бидејќи тие имаат лимитирани средства и не се во иста состојба како и неколкуте поголеми општини од Регионот.

На денешната редовна седница на Советот за развој беше утврдена листата на регионални проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира кај домашните и меѓународните донатори во текот на оваа година. Во таа насока, веќе е завршена постапката на селекција и утврдување на проектите со кои ќе се аплицира кај Бирото за регионален развој. Станува збор за три проекти со кои ќе се подобрува енергетската ефикасност во сите девет општини во Регионот преку поставување на фотонапонски панели и вршење на реконструкција на јавни објекти, а ќе се подобрува и локалната патна инфраструктура. Вкупната вредност на проектите е околу 56 милиони денари, средства што се обезбедени во централниот буџет на државата.

Во моментов преку Центарот за развој се реализираат проекти во Македонски Брод, Кичево и Дебар, а се очекува и отпочнувањето со активностите за реконструкција на болницата за кардиолошки заболувања во Свети Стефан за што е добиен грант од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Материјали од Седницата:

– Покана и Дневен ред

– Листа на проекти за развој на ЈЗПР во 2023 година

Одлука за избор на Претседател на Советот за развој на ЈЗПР

– Записник 

– Листа на поканети на Седница

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy