Директорите на осумте центри за развој од државава, меѓу кои и м-р Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниопт плански регион со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпишаа договори за финансиска поддршка на работењето во тековната година. Активностите што треба да се реализираат се дел од втората фаза на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен реагионален развој“, а се оденесуваат пред се на јакнење на капацитетите на човечките ресурси во регионите.
Покрај тоа со договорите ќе се поддржи одржувањето на регионалните форуми со кои се зголемува партиципативноста на значајните и засегнати страни во Регионите со цел да се идентификуваат нужните потреби на граѓаните, а кои би се финансирале преку Програмата за регионалелн развој од централниот буџет на државата.
No comment yet, add your voice below!