Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР и искористување на ОИЕ“, ги заврши активностите за реконструкција на кровот на општинската зграда на Општина Дебрца како и спомен собата на НОБ во Дебрца.
Изминатиот месец, во овој објект, се изврши целосна реконструкција на кровната конструкција и кровниот покривач како и изолација на самиот кров. Во рамки на општинската зграда, се реконструираше и Спомен собата на НОБ од Дебрца. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека 729.544 денари од буџетот на Општина Дебрца.
Во рамки на истиот проект, активности се одвиваат и во другите општини и тоа во Општина Македонски Брод – реконструкција на општинската зграда, Општина Пласница – реконструкција на фасада и кров на ОУ „Јунус Емре“ во с.Лисичани и Општина Кичево – инсталација на 6 фотоволтаични системи во 6 јавни објекти од по 20 kW. Исто така, во текот на месец мај ќе почнува и реализација на активности и во два други општини и тоа во Дебар – реконструкција на фасада и столарија на ОУ „Саид Најдени“ и во Општина Струга – реконструкција на фасада и столарија на две училишта и тоа ПОУ „Бафтјар Бануши“ и „Св.Климент Охридски“.
No comment yet, add your voice below!