Skip to content

Реконструкција на ОУ „Фаик Коница“ во с.Бачишта во Кичево

ДАТУМ

јули 5, 2023

Категории

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во ЈЗПР“, ги заврши активностите за реконструкција на основното училиште во село Бачишта во Кичево.

 

Последните месеци, во овој објект, се изврши целосна реконструкција на кровниот покривач и изолација на таваните од внатрешната страна. Во внатрешниот дел на објектот, се реконструираше водоводната и канализационата мрежа заедно со тоалетите, целата електрична инсталација, како и целосна реконструкција на ѕидовите, таваните и подовите. Вкупната вредност на работите изнесува 10,3 милиони денари, од кои 5,7 милиони денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека останатите 4,6 милиони денари од буџетот на Општина Кичево.

 

Во рамки на истиот проект, активностите се во завршна фаза и во Општина Дебар, каде се вршат интервенции за реконструкција на противпожарниот објект во оваа општина, додека претходно завршија активностите за реконструкција на апартманите на ГО Мобилност во Охрид, реконструкција на културно-историскиот дом во с.Требеништа – Дебрца, изведба на каналот Песјак во Македонски Брод, набавка на контејнери за селекција на отпад за потребите на Општина Пласница.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy