Во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, пред медиумите и вработените во јавното претпријатие „Водовод“ во Охрид, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска симболично го предадоа на користење возилото камион кипер – марка ИСУЗУ – набавено за потребите на претпријатието.
Во оваа пригода, градоналникот Пецаков истакна дека Општина Охрид е посветена на подигнувањето на капацитетите на ЈКП, па во таа смисла годинава инвестираше значајни средства во набавка на опрема со цел да се постигне поголема ефикасност во давањето и вршењето на услуги кон сите граѓани.
Преку проектот на Центарот за развој во трите комунални претпријатија – Водовод, Охридски Комуналец и Нискоградба инвестирани се 7,5 милиони денари, од кои 6,1 милиони се средства од централниот буџет, а останатиот дел се средства на Општина Охрид.
Директорот на Центарот за развој Лозаноска споменена дека проектот е во висина од 8,1 милиони денари и дека партнери се Општина Охрид и Општина Дебрца. Притоа во охридските јавни претпријатија инвестирани се 4,3 милиони денари за товарното возило за Водовод, претходно 3,2 милиони денари за двата трактори со приклучна меџанизација за Охридски Комуналец и Нискоградба, и 670.000 денари за набавка на канди за отпадоци за Општина Дебрца.
Заблагодарувајќи се за донацијата, директорот на ЈП „Водовод“ Охрид, Марјан Ристески истакна дека со набавеното товарно возило – кипер во Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење се очекува поефикасно и поекономично извршување на работните обврски, особено во делот на отстранувување на дефектите на водоводната мрежа.
Проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавака на опрема“ на Центарот за развој на Југозападниот плански регион е одобрен од страна на Министерството на локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а средствата се обезбедени во страна на централниот буџет на државата, при што со сопствени средства учествуваат и општините-партнери во проектот.
No comment yet, add your voice below!