Skip to content

Општина Македонски Брод со нов изглед

ДАТУМ

септември 26, 2023

Категории

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР и искористување на ОИЕ“, ги заврши активностите за енергетска ефикасност на Општинското Собрание на Општина Македонски Брод.

 

Изминатиот период, во овој објект, се изврши целосна реконструкција и енергетска ефикасност на внатрешните ѕидови со поставување на камена волна, изолација на таваните и подовите. Во рамки на општинската зграда, се реконструираше и Општинското Собрание на самата општина со енергетски ефикасни мерки во подовите, таваните и ѕидовите како и нова електрична инсталација. Вкупната вредност на работите изнесува 7 милиони денари, од кои 6 милиони се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека 1 милион од буџетот на Општина Македонски Брод.

 

Во рамки на истиот проект, активности се одвиваат и во другите општини и тоа во Општина Пласница – реконструкција на фасада и кров на ОУ „Јунус Емре“ во с.Лисичани, Општина Кичево – инсталација на 6 фотоволтаични системи во 6 јавни објекти од по 20 kW, Општина Струга – реконструкција на ПОУ „Бафтјар Бануши“ и ОУ „Св.Климент Охридски“, а во следниот период се очекува да почне и реализација на активноста за реконструкција на ОУ „Саид Најдени“ во Општина Дебар.














Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy