Центарот за развој на Југозападниот плански регион и општините Вевчани, Дебар, Пласница, Кичево и Охрид, со дводневната обука организирана од страна на UNDP, ја започнаа реализацијата на проектот за подготовка на проектно-техничка документација со цел да се подобри патната и комуналната инфраструктура во Регионот. На дводевната обука поголем број на експерти со претставниците на Центарот за развој и општините ги разработуваа кључните елементи од проектниот циклус во градежништвото.
Проектот на Центарот за развој е во висина од околу 4.000.000 денари и во следниот период се очекува да биде подготвена потребната документација со цел да може да се изврши реконструкција, рехабилитација и изведба на локалната патна мрежа во споменатите општини, како и фекалната мрежа во Пласница.
Проектот е одобрен во рамките на првиот циклус на грантови за изработка на техничка документација, поддржан од страна на владата на Шведска, UNDP и од Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!