Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на одобрените регионални проекти за 2023 година, успешно ја реализира активноста за изградба на локалниот пат Попој-Млака во Вевчани. Околу 5,5 милиони денари се вложени во подобрување на овој локален пат со должина од 650 m и широчина од 3 m. Интервенции се вршени на долниот строј од патот, при што значајно е подобрена подлогата со положување на нов тампонски слој, по што е вграден нов асфалтен слој. Паралелно со овие активности извршено е поврзување на дел од населението во постојната фекална мрежа, а изведен е одводен канал за атмосферски води.
Активноста во Вевчани е дел од регионалниот проект „Развој на руралниот туризам и другите комплементарни дејности во ЈЗПР“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. Средствата се обезбедени преку Програмата за регионален развој од националниот буџет на државата.
No comment yet, add your voice below!