Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР и искористување на ОИЕ“, ги заврши активностите за реконструкција на ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Мороишта во Струга.
Во изминатиот период во овој објект, економскиот оператор БОКОП ДОО, работеше во реконструкција на надворешната фасада и замена на столаријата. Имено, во делот на надворешната фасада, е изработна нова фасада со изолација со стиропор од 10 цм и 5 цм, со површина од 275 м2, односно 52,8 м2. Во делот ан столаријата се реконструирани прозорците и надворешната врата на објектот со нови од ПВЦ, со енергетски карактеристики, и тоа една двокрилна влезна врата и 21 прозорци.
Покрај во овој објект во Струга, во рамки на споменатиот проект, се реализирани активности и во општините Македонски Брод, Кичево, Пласница, Дебарца и Вевчани, додека во тек се активностите во Струга (с.Заграчани) и Дебар. Проектот се реализира со сдредства од Бирото за регионален развој преку Програмите за рамномерен регионален развој.
No comment yet, add your voice below!