Skip to content

Започна процесот на генерирање идеи за регионални проекти за 2024/2025

ДАТУМ

ноември 9, 2023

Со организирањето на првиот регионален форум во Југозападниот плански регион започна процесот на генерирање на проектни идеи за развивање на проекти за програмскиот период 2024/2025 година. Околу 50-тина претставници на значајните засегнати страни од Регионот на форумот одржан во Струга ги утврдија приоритетите според кои Центарот за развој во следниот период ќе ги развие проекти со кои ќе аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.


Низ форумската дебата главен акцент беше ставен на потребите на граѓаните, при што, во прв ред, како приоритетни беа утврдени потребите за подобрување на локалната патна инфраструктура, зголемување на капацитетите на ЈКП и Противпожарните единици преку набавка на возила и опрема, како и зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините. На листата се најдоа и  идеите за подобрување на образованието во функцијата на потребите на МСП и особено на занаетчиските дејности, а акцент беше ставен на потребите од подобрувањето на услугите во туризмот, имајќи ја во вид генералната слика дека Југозападниот плански регион е профилиран како најзначаен туристички регион во државата. Во вој контекст се истакнаа и потребите за подобрување на општата слика во животната средина, со акцент за решавање на проблемот со отпадот.


Во следниов период ќе бидат разработени проектните концепти, кои форумот ќе се разгледа и оцени на втората сесија што ќе се одржи кон крајот на ноември. Потоа ќе следува процесот на подготовка на потребната техничка документација и обликување на проектните апликации по што Советот за развој на регион ќе утврди со кои проекти Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локала самоуправа, односно Бирото за регионален развој.


Се очекува да бидат поддржани проекти од регионално значење во висина од 58 милиони динари, средства што ќе се обезбедат од централниот буџет на државата од следната и од 2025 година.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy