Skip to content

Одржана 10-та Седница на Советот за развој

ДАТУМ

декември 5, 2023

Категории

,

Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа 10-та седница на која членовите беа информирани за отпочнувањето со реализација на регионалните проекти од Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2023-2024, со што во деветте општини од Регионот ќе бидат инвестирани 58,5 милони денари. Со два проекти ќе се подобрува енергетската ефикасност преку реконструкција на јавните објекти и поставување на фотонапонски панели, а со третиот ќе се подобрува патната инфраструктура со цел да се подобри туристичката понуда на регионот.

Членовите на Советот беа информирани дека од Програмата за 2022 и 2023 година се реализирани сите предвидени активности, освен во Дебар и Кичево каде што се очекува работите да се финализираат до крајот на тековнава, односно на почетокот на 2024 година.

На седницата се одржа и презентација на предлог концептите за регионални проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2024-2025 година, според која планирани се инвестиции од околу 58 милиони денари. Најголем дел од нив ќе бидат наменети за подобрување на локалната патна инфраструктура, како и за подигнување на условите во животната средина и на енергетската ефикасност на јавните објекти.

Членовите на Советот за развој го рагледаа и усвоија Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година, според кој е планирано да се остварат приходи од околу 130 милини денари, при најголемиот дел, односно над 90 проценти ќе бидат позврзани со реализација на регионални проекти во Регионот.

– Покана и дневен ред

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy