Низ дебата околу 50-тина претставници на значајните засегнати страни од Југозападниот плански регион, на вториот регионален форум, одржан во Струга, ги рангираа концептите за регионални проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој за програмскиот период 2024/2025 година.
Согласно извршеното рангирање најмногу гласови добри проектот за подобрување на условите во животната средина во кои се предвидени активности за зголемување на капацитетите на ЈКП и Противпожарните единици преку набавка на возила и опрема. Второ рангиран е проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во осум општини од Регионот, а трет е проектот за зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините преку поставување фотонапонски панели и изготвување на техничка документација за тој тип на зафати според потребите на општините од Регионот.
Проектните концепти наскоро ќе бидат разгледани од страна на Советот за развој, по што ќе биде утврдена годишната листа на проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира кај Министерството за локала самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
Се очекува да бидат поддржани проекти од регионално значење во висина од 58 милиони динари, средства што ќе се обезбедат од централниот буџет на државата од следната и од 2025 година.
– Извештај од модератор од втората форумска сесија
– Записник од втората форумска сесија
– Предлог концепт 1 и Кост бенефит анализа
No comment yet, add your voice below!