Годишната работилница одржана во Охрид на 14 и15 декември, се реализаше за евалуација на проектот “Одржлив и Инклузивен Рамномерен Регионален Развој ” – фаза II, финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија во РСМ /СДЦ и Владата на РСМ, а имплементиран од страна на Министерство за локална самоуправа.
На дводневната работилница, Центарот за развој на Југозападен плански регион, ги презантираше резултатите за 2023 година, преку презентација на реализираните проекти и проектите кои се во тек на реализација. Презентацијата на успешно реализираните регионални проекти ја обрзложи и ја раскажа директорката на Центарот за развој на ЈЗПР м-р Мирјана Лозаноска. Таа, во нејзината презентација, истакна дека во годината што ја оставаме, Центарот за развој на ЈЗПР, има успешно имплементирано околу 20-тина активности низ целиот Регион, во 9 општини, 2 јавни комунални претпријатија, и две јавни здравствени установи.
На вториот ден од работилницата, Г-ѓа Арбереша Влаши, раководител на одделение за управување со отпад во Центарот за развој на Југозападен плански регион, ги презантираше проектите „Подобрување на условите за здравтствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“ и „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“, кои што се финансират преку Швајцарската агенција за развој и соработка и Министертството за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!