Skip to content

Нова опрема за Св.Еразмо

ДАТУМ

февруари 6, 2024

Категории

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на проектот за доопремување на Центарот за физикална терапија во болницата Св. Еразмо во Охрид, деновиве изврши монтажа и стави во функција нова опрема, со што значајно е подигнато нивото на услугите на оваа специјализирана болничка установа. Вкупната инвестиција е околу 2,466 милиони денари, а средствата се обезбедени во рамките на инвестициските проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, како и од сопствено учество на болницата.


Имено, во Центарот за физикална терапија монтирани се две кади за електротерапија на цело тело на пациентите, единица за криотерапија и хидрауличен лифт за базен. Новата опрема ќе ги подобри услугите за пациентите кои имат потреба од хидротерапија, односно хидромасажа, како и олеснување на пристапот до базенот за пациентите кои имаат поголеми потешкотии во движењето. Единицата за криотерапија ќе придонесе за намалување на мускулно-скелетните проблеми, а ќе може да се користи и за аналгетски цели, намалување на воспалението и забавување на локалните метаболички процеси.


Проектот за доопремување на центарот за физикална терапија во болницата Св. Еразмо е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа, а кофинансиран од страна на самата установа. Во текот на минатата и оваа година течат поголем број зафати за подобрување на условите и во болницата за кардиолошки заболувања Свети Стефан во Охрид и болницата за Нефрологија во Струга. Преку проектите на Центарот за развој и со сопственото учество на трите установи во нивната реконструкцијата и модернизацијата ќе бидат вложени околу 52 милиони денари.  

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy