В.д. Директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба, на ден 29.07.2024г, оствари средба со министерот за локална самоуправа г.Златко Перински. На состанокот се дискутираше за тековните проекти кои ги имплементира Центарот за развој, и идните проекти кои имаат за цел да го подобрат живеењето и функционирањето на жителите во Југозападен регион. На состанокот, од страна на в.д.Директорот на Центарот за развој на ЈЗПР, беше истакната дека Југозападниот плански регион има искуство и потенцијал да реализира големи и иновативни проекти во интерес на граѓаните. Во тој контекст, министерот Перински истакна дека максимално ќе се залага за унапредување на политиката за рамномерен регионален развој во сите 8 плански региони.
Во вториот дел од состанокот, министерот Периснки оствари средба и со градоначалниците од Југозападен плански регион, со кои ги отвори сите приоритетни прашања со кои што се соочуваат локалните власти. „Најважно е да се приоретизираат потребите на граѓаните и со добри проекти ќе се пристапи кон нивно ефикасно решавање. Општините треба да покажат подготвеност за ефикасна реализација на расположливите сто милиони евра само за оваа година“- истакна министерот Перински.
Сите општини имаат еднакви можности, ова е шанса да се покаже спремност дека општините имаат капацитет од следната година да реализираат и поголеми средства. Целта на Владата е за неколку години да се надминат егзистенцијални прашања со кои што граѓаните во денешни услови не треба да се соочуваат, како што се подобрување на уличната инфраструктура, комуналната и социјалната инфраструктура. Очекуваме проекти кои што ќе решаваат реални проблеми и ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните во целата држава, рече Перински.
Од страна на претставниците на локалните самоуправи беше истакнато дека ќе аплицираат на повикот со цел да се обезбеди реализација на покрупни капитални инвестиции, при што беа посочени проекти од типот пречистителни станици, водоводни системи, патна инфраструктура како и проекти за развој на образованието.
No comment yet, add your voice below!