Во рамки на проектот „Реконструкција на патната инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда“, се завршија активностите за реконструкција на улицата „206“ во населба Венец во Општина Дебар. На свеченото пуштање на улицата, присуствуваа министерот за локална самоуправа г.Златко Перински, директорот на Бирото за регионален развој г.Даут Мемиши, директорот на Центарот за развој на ЈЗПР г.Валон Каба и градоначалникот на Општина Дебар, г.Хекуран Дука.
„Со реконструкцијата на оваа улица, се обезбедуваат подобри услови за развојот на туризмот во овој крај, кој што е познат по бањскиот туризам, како и се подобруваат условите за побезбедно движење во сообраќајот и можности за развој на оваа населба“ – истакна директорот на Центарот за развој на ЈЗПР, Валон Каба.
Со проектот што го имплементира Центарот за развој на ЈЗПР, е извршено тампонирање и асфалтирање на улицата во должина од 180м, поставени се бетонски рабници како и е направено нивелирање на постоечките шахти. Вкупната инвестиција е во висина од 1,6 милиони денари, средства кои се одобрени од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!